СУВЕРЕНИТЕТОТ НА УКРАИНА МОРА ДА БИДЕ ПОЧИТУВАН ВО КОЈ БИЛО МИРОВЕН ДОГОВОР Загарантирана безбедност на долг рок бараат ЕУ и НАТО

Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана на долгорочен аспект како прва линија на одбрана на нашиот Сојуз“, објавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

299

Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Двајцата лидери на Европската Унија упатија иста порака на социјалните мрежи по состанокот во Брисел со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.






„Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван. Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана на долгорочен аспект како прва линија на одбрана на нашиот Сојуз“, објавија Фон дер Лајен и Кошта.

Поврзани содржини