ТРЕВОГА ВО ПАРИЗ, НЕПОЗНАТИ ДРОНОВИ НАДЛЕТАЛЕ БАЗА СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ! Воени авиони ги пресретнаа

Француските воени власти одбија да наведат колку дронови имало и од кој тип.

502

Француските власти соопштија денеска дека истражуваат лет на дронови над базата за подморници со нуклеарно вооружување на атлантскиот брег, кои биле пресретнати од воените сили.

Министерката за одбрана Катрин Вотран потврди дека припадниците на базата ги пресретнале дроновите, но не откри детали дали кон нив било пукано, дали биле употребени електронски пречки или друг тип на средство.






Сè уште не е познато чиј бил дронскиот лет.

– Секое прелетување над воена локација е забрането. Сакам да ја пофалам интервенцијата на нашите воени лица во базата Ил Лонг, изјави Вотран.

Француските медиуми претходно јавија дека синоќа биле забележани неколку дронови над базата Ил Лонг во Бретанија, на западот од Франција. Воените власти одбија да наведат колку дронови имало и од кој тип.

Базата Ил Лонг е матично пристаниште на четирите француски подморници со балистички ракети со нуклеарни боеви глави – Тријумфан, Темерер, Вижилан и Терибл.

Последниве месеци повеќе земји од ЕУ пријавија појави на неидентификувани дронови во својот воздушен простор. Некои од нив доведоа до затворање аеродроми и нарушување на комерцијалните летови, а други беа откриени во близина на воени објекти.

Многу држави, особено во случаите во Естонија и Полска, ја сметаат Русија за одговорна за голем дел од ваквите нарушувања на воздушниот простор.

Поврзани содржини