КРАЈ НА ЖИВЕЕЊЕТО ВО НЕХУМАНИ УСЛОВИ Скопје го решава проблемот со бездомните лица

Владата разгледува план за нивно преселување во безбедни и човечки услови, a решението ќе се спроведе по моделот од Штип, каде неодамна беа изградени типски куќи за најранливите семејства.

0

Бездомни лица не се евидентирани само на депонијата Вардариште, туку и на повеќе други локации во Скопје, меѓу кои Визбегово, Бутел и објектот „Ранка Милановиќ“. Надлежните веќе подготвиле акциски план за нивно сместување, а решението ќе се спроведе по моделот од Штип, каде неодамна беа изградени типски куќи за најранливите семејства.

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и труд, Ѓоко Велковски, изјави дека документот веќе е доставен до Владата и дека чекорите се јасно утврдени.






– Не е доволно само да се дислоцираат луѓето од овие локации. Мора да им се обезбеди место каде што ќе живеат достоинствено. Акцискиот план е подготвен и веќе е во владина процедура – рече Велковски, нагласувајќи дека процесот е комплексен бидејќи се работи за трајно решавање на нивното станбено прашање.

Како позитивен пример го посочи Штип, каде во новоизградените типски куќи, финансирани од ЕУ и Општина Штип, пред неколку дена се вселени 36 семејства кои претходно живееле во субстандардни услови.

Велковски увери дека истиот модел ќе се примени и во Скопје, каде локациите со дивонаселени граѓани веќе се мапирани, а следниот чекор е обезбедување средства за изградба на нови објекти.

Поврзани содржини