МЕРЦ ГЕРМАНСКИ ПРЕЦИЗНО ДО САД Германската миграциска политика е германска работа
Не ни треба поучување однадвор, рече Мерц, реагирајќи на директива од Стејт департментот на САД упатена до државните службеници во западните земји, со која се бара залагање за поостра миграциска политика.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека германската миграциска политика е исклучиво германско прашање и дека земјата нема потреба од надворешни насоки.
– Не ни треба поучување однадвор, рече Мерц, реагирајќи на директива од Стејт департментот на САД упатена до државните службеници во западните земји, со која се бара залагање за поостра миграциска политика.
– Миграциската политика е наша работа и ние одлучуваме по тоа прашање како што сметаме дека е исправно. А во Сојузната Република, откако беше составена оваа влада, сме на вистинскиот пат – додаде германскиот канцелар.
Миграцијата стана политички чувствителна тема, особено откако владата на Мерц воведе политика со посилен миграциски контролен механизам во однос на неговите претходници.
Минатата недела Стејт департментот на „Икс“ објави текст во кој американските претставници беа повикани да ги охрабрат владите на западните земји да преземат решителни мерки за да ги заштитат граѓаните од „опасностите на масовната миграција“. Во текстот беше наведено дека „масовната миграција претставува егзистенцијална закана за западната цивилизација и ја поткопува стабилноста на клучни американски сојузници“.