СЕ СВЛЕЧЕ ЗЕМЈИШТЕ НА ВОДНО Ќе се прави ургентен план за санирање
По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.
Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.
Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.
Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата на за натамошно постапување.