ОТПИШАНАТА ПЧЕНИЦА ЗАВРШИЛА НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО СОСЕДСТВОТО? Криминалот со Стоковите резерви остави неодговорени прашања

Дали Николовски изминатиот период е толку гласен во јавноста затоа што е вмешан во овој случај па е исплашен од одговорност – праша Викторија Андоновска, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

2,217

Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделие од редовите на СДСМ, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направиле отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност од близу 800.000 евра – рече на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пченицата е отпишана, иако постоела и била употреблива. Димковски поднел записник до Владата дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а Филипче, Заев и Николовски без никакви проверки го донеле заклучокот на владина седница.






Јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица? Дали е точно дека завршиле на црниот пазар во една соседна држава? Дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, се нафатирале од овој криминал? Дали Николовски изминатиот период е толку гласен во јавноста затоа што е вмешан во овој случај па е исплашен од одговорност?

Граѓаните заслужуваат правда и одговорност, а СДСМ треба да престане да ги брани криминалците од своите редови. Тоа време заврши – рече Андоновска.

Поврзани содржини