ЗУКАН НЕ МУ ДАЛ НА СИЈАРТО ДА СЛЕТА, ДОДИК ПОБЕСНЕ „Бура да ја однесе оваа БиХ, добро рекол Алија“

Таа БиХ треба да ја однесе бура, сè живо да не постои. Добро им рекол Алија: ако не можете да направите демократска земја, не ја заслужувате, истакна лидерот на босанските Срби Милорад Додик.

1,488

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик повторно ја запали политичката сцена на Босна и Херцеговина. Овојпат неговиот гнев го предизвика одлуката на министерот за одбрана Зукан Хелез да не дозволи лет на авионот со кој шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто требаше да слета во Бања Лука.

– Таа Босна и Херцеговина нам не ни треба. Тоа е аеродром на Република Српска – изјави Додик, јави Кликс.ба.






Меѓутоа, тој не застана тука. Додаде дека ќе повика на нова блокада на институциите, обвинувајќи ги властите во Сараево за, како што рече, „пашалук и омраза кон пријателите на Република Српска“. Притоа, најави дека неговите кадри повеќе нема да гласаат за никакви одлуки на државно ниво.

– Таа БиХ треба да ја однесе бура, сè живо да не постои. Добро им рекол Алија: ако не можете да направите демократска земја, не ја заслужувате – истакна Додик.

Според објавата на Хелез на неговиот официјален профил на „Фејсбук“, дозволата за лет била ускратена поради „отворената поддршка на унгарската влада на политиките на Додик“.

Aналитичарите предупредуваат дека со ваквите изјави Додик повторно ја турка земјата кон нова институционална криза и ги продлабочува поделбите меѓу ентитетите.

Поврзани содржини