СЕКОЈ КОЈ ГО СЕЛИ БОГАТСТВОТО ОД НОРВЕШКА МОРА ДА ПЛАТИ ДАНОК ОД 37,8% Данок на богатство ја празни земјата од милионерите

Анализите покажуваат дека повеќе од 250 луѓе годишно со средства што надминуваат 10 милиони круни ја напуштиле земјата во 2022 и 2023 година.

155

Данокот на богатство во Норвешка кој се смета за симбол на еднаквоста се повеќе ги охрабрува милионерите да заминат од земјата со оправдување дека климата станала непријателска кон сопствениците на бизниси.

Посебно ова стана актуелно откако на септемвриските избори победи Работничката партија која ја зголеми стапката на оданочување и ги заостри правилата за оние што ја напуштаат земјата.






Овој данок во Норвешка се плаќа секоја година и  изнесува 1% на богатство помеѓу 1,76 и 20,7 милиони круни и 1,1% на сè над тоа. Секој што ја напушта земјата, пак,  мора да плати излезен данок од 37,8% за нереализирана капитална добивка од повеќе од 3 милиони круни.

Поради ова се очекува годинава 150 богати Норвежани да ја напуштат земјата и покрај тоа што треба да платат данок за излез од земјата. Истовремено приходите од данокот на богатство сега се 0,6% од БДП и се зголемуваат.

Околу 12% од Норвежаните подлежат на овој данок. Но, земјата дава и попусти за даночните обврзници  како никоја друга земја. Така, станбениот имот во кој се живее има попуст од 75%. Акциите и комерцијалните имоти имаат попуст од 20%.

Анализите покажуваат дека повеќе од 250 луѓе годишно со средства што надминуваат 10 милиони круни ја напуштиле земјата во 2022 и 2023 година. Списанието „Капитал“ наведува дека 105 од 400-те најбогати живеат надвор од земјата или ги пренеле своите средства на роднини, бидејќи Норвешка го укина данокот на наследство уште во 2014 година.

Истражувањата сугерираат дека данокот може да поттикне инвестиции во човечки капитал.

Критичарите тврдат дека данокот на богатство ги казнува домашните сопственици и го задушува претприемништвото. Голем дел од иселениците се бизнисмени. Изменетите правила би можеле да ја намалат вредноста на економијата за околу 1,3 проценти на долг рок. Основачите на стартапи особено страдаат затоа што плаќаат даноци пред компанијата да почне да остварува профит. Норвешка има една од најниските стапки на инвестиции во ризичен капитал во Европа.

 

Поврзани содржини