ГИ ПРИФАТИЈА СИТЕ НАШИ ПРЕДЛОЗИ, ПЛАНОТ НА ТРАМП НЕ ПОСТОИ Украина задоволна од ретушираниот нацрт за мир
Украина ја разгледа секоја точка од предложениот план со САД и документот, во обликот во кој го гледаше јавноста, веќе не постои. Некои точки се избришани, други се ревидирани. Ниту едно украинско барање не остана нерешено, изјави советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Олександр Бевз.
Трамповиот план за мир во Украина повеќе не постои, вели советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Олександр Бевз, по објавите во медиумите дека првичните 28 точки од планот биле сведени на 19 по разговорите во Швајцарија.
Бевз, кој бил дел од украинскиот тим во преговорите во Женева, објави на Фејсбук дека разговорите со американската делегација биле „многу конструктивни“. Според него, државниот секретар Марко Рубио го оценил состанокот како „најпродуктивен“ меѓу Украина и администрацијата на Трамп.
– Украина ја разгледа секоја точка од предложениот план со САД и документот, во обликот во кој го гледаше јавноста, веќе не постои. Некои точки се избришани, други се ревидирани. Ниту едно украинско барање не остана нерешено – додаде Бевз.
Според него, конечните одлуки за најчувствителните прашања ќе ги донесат претседателите Володимир Зеленски и Доналд Трамп.
„Гардијан“ објави дека е можна средба меѓу Зеленски и Трамп во Белата куќа оваа недела.
Од друга страна, рускиот преговарач и помошник на рускиот лидер, Јуриј Ушаков, изјави дека многу одредби од американскиот план за Украина изгледаат прифатливи, додека европскиот план е неконструктивен.