ЕУ ОД ЕДНО МЕСТО ЌЕ ГО КООРДИНИРА ДВИЖЕЊЕТО НА ВОЗОВИТЕ Се подготвува рамка за управување со железничките капацитети

Со договорот за измени на Европската рамка за управување со железничките капацитети, се воведуваат дополнителни општи правила за планирање, распоредување, распределба и презакажување на термини на железничката мрежа на ЕУ, како резултат на процесите на дигитализацијата на железничките услуги. 

62

Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа прелиминарен договор за „хармонизирање, поедноставување и рационализација на управувањето со расположливиот капацитет на возови на железничката мрежа на Унијата“, кој би требало да овозможи побројни и посигурни патнички и товарни железнички услуги.

Данскиот министер за транспорт Томас Даниелсен, која го предводеше преговарачкиот тим на Советот на ЕУ, изјави дека договорот има за цел да придонесе поефикасно користење на европската железничка инфраструктура преку хармонизација на управувањето со капацитетите, поефикасни процеси на распределба и зајакната прекугранична соработка.






Со договорот за измени на Европската рамка за управување со железничките капацитети, се воведуваат дополнителни општи правила за планирање, распоредување, распределба и презакажување на термини на железничката мрежа на ЕУ, како резултат на процесите на дигитализацијата на железничките услуги.

Новите правила ќе воведат долгорочно планирање на железничките услуги надвор од годишниот работен распоред, а исто така ќе го олеснат планирањето на дополнителни железнички услуги во краток рок.

Целта на измените е усогласување на распоредот на меѓународните железнички услуги со цел надминување на сегашната состојба кога возните редови на патничките и товарните возови ги правата националните администрации на земјите членки. Ова предизвикува проблеми во одвивањето на железничкиот сообраќај, имајќи предвид дека патничките и товарните возови се движат по истите пруги, но со различни брзини и со различни распореди на запирање.

Ваквите проблеми со неусогласените национални возни редови, дополнително доаѓаат до израз во услови на регистрираниот раст на прекуграничниот железнички сообраќај во Европа.

Со измените, националните управи за железничката инфраструктура и натаму ќе раководат со процесите на планирање на возните редови согласно нивните цели и политички одлуки, но се зајакнува улогата на Европската мрежа на менаџери за инфраструктура (ЕНИМ) во делот на координацијата.

ЕНИМ ќе биде задолжена за изработка на европска рамка за управување со капацитетите, која ќе служи како патоказ за секоја од националните железнички управи за планирање на железничките услуги, потоа на рамка за координација на управувањето со прекуграничниот сообраќај, како и на рамка за следење на развојот на железничкиот транспорт.

Постигнатиот привремен договор сега треба да биде потврден и формално усвоен од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент.

Целта на овие измени, подготвени во рамки на Стратегијата за одржлива и паметна мобилност (ССМС) која го трасира патот на ЕУ кон поодржлив, паметен и отпорен транспортен систем, е зголемување на железничкиот товарен сообраќај за 50 отсто до 2030 година и за негово удвојување до 2050 година.

Според оценките на ЕУ, за постигнување на овие цели, железничкиот транспорт мора да стане поприфатлив, посигурен и подостапен, нудејќи услуги согласно потребите на патниците и на бизнисите.

Поврзани содржини