ЗАПЛЕНЕТИ ПАТИКИ, ОБЛЕКА, ЦИГАРИ, ДРОГА… Царината станува кошмар за шверцерите
Царинските инспектори продолжуваат со контроли на сите гранични премини за спречување на криумчарење и заштита на пазарот и државните давачки.
Во текот на изминатите две недели, мобилните царински тимови во повеќе одделни акции открија големи количества непријавена стока, при што се запленети различни производи и возила.
Меѓу најзначајните случаи се:
– Два употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм, пронајдени во автобус на линија Брисел-Скопје на граничниот премин Табановце. Вредноста на апаратите е проценета на 87.300 денари, а избегнатите давачки се 20.864 денари.
– 662,4 м² керамички плочки со потекло од Кина кои не биле пријавени за царинење и биле наменети за фирма од Скопје.
– 20 употребувани делови за BMW X5, пронајдени во пикап возило близу граничниот премин Блаце.
– Автобус со турски регистарски таблици со прилагоден бункер за криумчарење стока, откриен на Петровец.
– Личен претрес на патничка на Табановце откри 2 грама кокаин завиткани во најлонска кесичка.
– 1.632 играчки со ознаки на заштитена трговска марка и 240 парчиња патики, пронајдени во различни контроли поради сомневање за повреда на интелектуална сопственост.
– 39 парчиња облека и 3 женски чанти пронајдени во патничко комбе на Табановце, со избегнати давачки од 52.773ѓ денари.
– 11 штеки цигари без акцизни маркички пронајдени на преминот Богородица, вредни 12.262 денари, со избегнати давачки од 21.830 денари.
– 45 М-ТАГ апарати и турбина марка BorgWarner пронајдени на граничниот премин Ново Село, со избегнати давачки од 9.676 и 15.436 денари.
– 59 машки џемпери и 134 текстилни производи, како и 232 парчиња бижутерија пронајдени во различни автомобили на премините Дојран и Табановце.
Царинските инспектори продолжуваат со контроли на сите гранични премини за спречување на криумчарење и заштита на пазарот и државните давачки.