ПРИВЕДЕН КУМАНОВЕЦ ПО ТЕПАЧКА НА КОШАРКА Навивачи се пресметаа, а еден од нив оштети возила на гостинскиот тим

23-годишен Кумановец е приведен по масовната тепачка меѓу навивачите на МКК Куманово и КК Пелистер, при што биле нападнати и полициски службеници.

499

23-годишниот К.Ж. од Куманово синоќа беше приведен откако по кошаркарскиот натпревар меѓу МКК Куманово и КК Пелистер учествувал во пресметка меѓу навивачите и оштетувал возила на гостинскиот тим. Инцидентот се случил околу 21 часот во спортската сала во Куманово.

Според информациите од кумановската полиција, веднаш по завршувањето на натпреварот настанала масовна тепачка меѓу двете навивачки групи, при што биле нападнати и полициски службеници кои се обиделе да воспостават ред.






„Лицето К.Ж. е забележано како со тврд предмет оштетува неколку возила на гостинскиот клуб. Тој беше приведен веднаш по интервенцијата, а случајот е целосно документиран“, информираа од СВР Куманово.

Полицијата додава дека работи на идентификација и пронаоѓање на сите лица кои учествувале во пресметката.

„Во тек е постапка за утврдување на учесниците во групната пресметка и ќе следуваат соодветни пријави“, велат од МВР.

Поврзани содржини