КАБЕЛ ОД РАДИО ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ВО ТУЗЛА Починаа уште двајца, бројот на жртви се искачи на 15
Според истрагата, кабел од радио што го користел еден од штитениците бил стегнат меѓу неговиот кревет и ѕидот, што довело до краток спој од кој избувна катастрофалниот пожар, вечерта на 4 ноември.
Преоптоварен кабел за струја е причина за големиот пожар во домот за стари лица во Тузла што се случи минатата недела, соопштија властите. Починаа уште двајца од повредените штитеници, со што бројот на жртви се искачи на 15.
Според истрагата, кабел од радио што го користел еден од штитениците бил стегнат меѓу неговиот кревет и ѕидот, што довело до краток спој од кој избувна катастрофалниот пожар, вечерта на 4 ноември.
Огнот избувна на седмиот кат од зградата и усмрти 11 лица на самото место, а 30 беа повредени.
Босанските медиуми објавија дека на горните катови биле сместени постари лица кои биле неподвижни или многу болни. Менаџерот на комплексот поднесе оставка.