ТРАМП МУ ДАДЕ РОК НА БИ-БИ-СИ ДО ПЕТОК Дали ќе добие милијарда долари и едно „извини“?

Па, мислам дека имам обврска да го направам тоа. Тие ја измамија јавноста и го признаа тоа. Дојде од земја која е наш сојузник, изјави шефот на САД во интервју со водителката Лори Инграм.

493

Американскиот претседател Доналд Трамп најавил дека ќе ја тужи британската телевизија Би-Би-Си за измама на јавноста во нивниот документарец „Панорама“. Шефот на САД вели дека медиумот има време да го повлече документерецот, да се извини и да исплати компензација од милијарди долари до петок, 14 ноември, а во спротивно ќе тужи.

– Па, мислам дека имам обврска да го направам тоа. Тие ја измамија јавноста и го признаа тоа. Дојде од земја која е наш сојузник – изјави Трамп во интервју со водителката Лори Инграм.






Трамп рече дека уредувањето на програмата „Панорама“ на Би-Би-Си го направило неговиот „прекрасен и многу смирувачки говор да звучи радикално“, наведувајќи дека тоа е „неверојатно и многу нечесно“.

Британски медиуми наведуваат дека Би-Би-Си засега нема официјален одговор, но дека редакцијата стои зад документарецот како „новинарско истражување од јавен интерес“.

По скандалот со монтираниот говор на Доналд Трамп во документарецот „Панорама“ на Би-Би-Си, одекнаа две оставки на врвот на корпорацијата. Оставки поднеле генералниот директор Тим Дејви и уредничката на документарниот оддел Дебора Торнтон, кои ја презеле одговорноста за „уредувачкиот пропуст што го нарушил јавниот интерес“.

Реакции пристигнуваат и од видни светски медиуми во врска со постапките на Би-Би-Си од јуни оваа година кога бил објавен документарецот и за тоа како медиумот се справува со случајот.

Според самиот Би-Би-Си, допис во врска со проблематичната монтажа на документарецот до редакцијата пристигнал уште истиот месец, во јуни, од страна на независниот советник  на редакцијата Мајкл Прескот, но бил игнориран од уредниците.

Поврзани содржини