ТОЧНО ЛИ Е ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ Филипче нуди партиски функции, никој не прифаќа, вели Манасиевски
Дали некои од тие луѓе не сакале да бидат дел од раководството на СДСМ затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник, прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Измина една недела од изборниот дебакл на Венко Филипче и на СДСМ, со којшто спаднаа на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје, рече денеска Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Иако по историскиот пораз минатата недела Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак сè уште јавно ништо нема. До нас стигнаа информации дека Филипче имал проблем со формирање ново раководство, поради тоа што СДСМ поради Филипче и неговиот ментор Заев спадна на едвај 120.000 гласови. Јавно прашуваме, дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДСМ луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДСМ и поранешни активисти – праша Манасиевски.
Дали некои од тие луѓе, додава Манасиевски, не сакале да бидат дел од раководството на СДСМ затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник?
– Ова што му се случува на СДСМ не му го посакуваме никому. СДСМ важеше за партија со историја, кредибилитет и со квалитетен кадар. Меѓутоа, она што Заев, Ковачевски и Филипче му го направија на СДСМ се должи на ароганцијата и предавствата што ги направија – рече Манасиевски.
Тој апелира за итни реформи во СДСМ и оставка на Филипче.
– На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело – потенцира Манасиевски.