МОМЕНТОТ ШТО ГО ПРОПУШТИЈА КАМЕРИТЕ ВО АТИНА Продорниот глас на Стефан бил насушно потребен за Ѓоковиќ
Секако дека го слушнав. Има толку длабок и продорен глас. Покрај тоа, тој ми е син, знам точно каде седи и кога ќе извика, веднаш го препознавам. Неговата поддршка ми даде крила да ги надминам тешките моменти. Совршен крај на турнирот, изјави српскиот тениски ас запрашан дали ги слушнал извиците „Ајде, тато“ и „Така бре“ на Стефан.
Синот на Новак Ѓоковиќ, Стефан, станал неочекуван јунак на финалето во Атина. Неговиот глас, продорен и препознатлив, се слушал низ арената токму во миговите кога татко му се обидувал да се врати во игра по изгубениот сет.
– Ајде, тато, ајде! – викнал малиот Стефан, охрабрувајќи го светскиот број еден кој подоцна го свртел мечот и ја освоил својата 101. титула, јави Мондо.
Притоа, присутните новинари во „ОАКА арената“ забележале дека семејството Ѓоковиќ било сместено токму над нивните редови. Од таму, гласот на Стефан одекнувал неколку пати, особено кога Новак правел пресврт.
– Така е, бре! – извикал синот во клучниот момент на вториот сет, по што арената експлодирала од аплаузи.
Во прес-конференцијата по мечот, Новак со насмевка потврдил дека го слушнал синот:
– Секако дека го слушнав. Има толку длабок и продорен глас. Покрај тоа, тој ми е син, знам точно каде седи и кога ќе извика, веднаш го препознавам. Неговата поддршка ми даде крила да ги надминам тешките моменти. Совршен крај на турнирот – изјави тој.
Неколку часа пред натпреварот, Стефан му бил и вистински помошник на татко му – излегол со него на теренот, му додавал топки и внимателно ги следел инструкциите на тренерскиот тим. Очигледно, подготовката успеала, бидејќи Новак стигна до 101. титула и се доближи до Роџер Федерер со 103, а Џими Конорс останува рекордер со 109 титули.
Сепак, по освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино. Причина е повреда. На местото на Ѓоковиќ во една од групите ќе биде токму неговиот ривал од вчерашното финале во Атина, Италијанецот Лоренцо Мусети. Турнирот во Торино почнува денеска, 9 ноември.