📽️ КИНЕСКАТА ВОЈСКА ДОБИ „ЧУДОВИШТЕ“ Си Џинпинг пушти во употреба нов носач на авиони

Ова е првиот кинески носач на авиони опремен со електромагнетни катапулти.

1,074

Кинескиот претседател Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба и кревање на знамето на „Фуџијан“, првиот кинески носач на авиони опремен со електромагнетни катапулти, во јужната кинеска покраина Хајнан, објави Синхуа.

Си Џинпинг, кој е и претседател на Централната воена комисија, се качи на носачот на авиони за да го провери, а кој е прикотвен во морското пристаниште во градот Санја.






„Фуџијан“ беше лансиран во јуни 2022 година и е именуван по покраината Фуџијан.

 

Поврзани содржини