СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ДА НЕ ПОТПИШУВА ДОКУМЕНТИ ЗА ДА ЈА ЗАШТИТИ УРБАНАТА МАФИЈА Со ревизија ќе се откријат сите криминали, му порача ВМРО-ДПМНЕ

Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање алиби за изборни нерегуларности. Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, треба да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

1,813

Стевчо Јакимовски е очаен и во паника поради најавената ревизија во Карпош која ќе го разобличи неговото работење и злоупотребите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање алиби за изборни нерегуларности. Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, треба да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, народот избра визија, напредок и работа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Од што се плаши Јакимовски, прашува партијата.

„Дали поради тоа што знае дека следи ревизија во Карпош на неговата криминална работа? Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во 4 очи и матни зделки за време на неговиот мандат? Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби и нерегуларности во работата и токму поради тоа сега е во паника. Јакимовски се плаши од ревизијата што ќе го разобличи неговото работење во општината и се обидува да го пренасочи вниманието кон измислени изборни нерегуларности“, се вели во соопштението.

Јакимовски, додава ВМРО-ДПМНЕ, е одговорен за бетонизацијата на Карпош, а карпошани го казнија токму заради тоа што Јакимовски работеше за личните интереси и интересите на урбаната мафија, наместо за интересите на граѓаните.

„Јакимовски да не се обидува очајнички во овие неколку дена да ги заштити структурите од урбаната мафија и да не потпишува документи, бидејќи ќе следи ревизија на целосното негово работење. Целосна ревизија на финансиското и урбанистичкото работење во општина Карпош“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Новото раководство на Карпош ќе работи посветено во интерес на граѓаните, додава партијата.

„Карпош ќе се развива преку проекти и работа, чесно и транспарентно. Карпош на чело со Лукровски ќе биде пример за успешна и модерна општина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини