ОПСАДА ВО ВИЕНА, ПОЛИЦИЈАТА БАРА УБИЕЦ Србин пукал во Чеченци по кавга во ресторан

Пукањето се случило синоќа во турски ресторан, каде се застрелани две лица од чеченска националност. Еден од застреланите е тешко повреден, а другиот е убиен.

358

Во тек е обемна полициска потрага во неколку области во Виена – полицијата го бара човекот што пукаше синоќа и уби еден, а рани друг, во бар во виенскиот кварт Отакринг. Во бегство е уште едно лице.

Според првичните извештаи на австриските медиуми, пукањето наводно се случило во турски ресторан, каде се застрелани две лица од чеченска националност. Еден од застреланите е тешко повреден, а другиот е убиен.






Сонародници на жртвите пријавиле дека напаѓачот би можел да биде српски државјанин. Истражителите изјавија дека тој веројатно е австриски државјанин со мигрантско потекло.

Наводно, пред нападот избувнала расправија. Едно лице извадило огнено оружје и испукало неколку куршуми кон двајцата мажи. Мотивот сè уште е непознат, а истрагата ја води Канцеларијата за криминалистичка полиција.

Опколен е поширокиот центар на градот и се пребаруваат разни локации.

Поврзани содржини