📽️ САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Полицијата утврдила дека златото е добиено легално и дека било стопено во златни прачки пред 15 до 20 години.

159

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато.

Тој пронашол „5 златни прачки и бројни златни монети“ закопани во пластични кеси, објави локалниот весник Ле Прогрес“.






Човекот ги известил локалните власти во мај откако го пронашол богатството, а тие му дозволиле да го задржи златото бидејќи не било пронајдено на археолошко наоѓалиште, соопшти денеска градскиот совет во источниот град Невил-сур-Сон.

Полицијата утврдила дека златото е добиено легално и дека било стопено во златни прачки пред 15 до 20 години.

Претходниот сопственик на градината починал, соопшти градот, и сè уште не е познато како златото завршило таму.

Поврзани содржини