КРАЈ НА МАНДАТОТ, НО НЕ И НА ТЕЛЕФОНИТЕ Екс директорка обвинета дека присвоила опрема од училиштето

Поранешна директорка на средно училиште во Куманово не ги вратила двата службени телефона по завршување на мандатот, па сега се соочува со кривична пријава.

508

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишната В.Т. од Куманово, поради сомнение дека како директорка на средно училиште во градот присвоила два мобилни телефони што ѝ биле доверени за службена употреба.

Според истрагата, жената по завршување на својот мандат не ги вратила уредите, иако тие биле сопственост на училиштето. Со тоа, таа се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.






Од СВР Куманово потврдија дека против поранешната директорка е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“, а предметот е веќе доставен до надлежното обвинителство.

Поврзани содржини