ЕВРОПА ОСТАНУВА БЕЗ ГОРИВО, АКО НЕ БИДЕ ОДОБРЕНА КУПОПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА „ЛУКОИЛ“ Драматично предупредување на директорот на „Гунвор“

Реализацијата на договорот зависи од одобрението на американските, британските и швајцарските власти, а времето истекува бидејќи новите санкции на САД врз Лукоил и Роснефт стапуваат на сила на 21 ноември.

230

Европа би можела да се соочи со сериозен недостиг на гориво и губење на илјадници работни места доколку надлежните регулатори не го одобрат договорот за купување на меѓународниот имот на рускиот „Лукоил“ во вредност од 22 милијарди долари, предупреди Торбјорн Торнквист, извршен директор и мнозински сопственик на шведската групација Гунвор.

Како што објавува Фајненшл тајмс, „Гунвор“, со седиште во Женева, планира да ги преземе деловните операции на Лукоил во Србија, Бугарија и Романија, како и мрежите на бензински пумпи во Европа и САД, како и нафтените и гасните полиња на Блискиот Исток, Централна Азија и Африка.






Реализацијата на договорот зависи од одобрението на американските, британските и швајцарските власти, а времето истекува бидејќи новите санкции на САД врз „Лукоил“ и „Роснефт“ стапуваат на сила на 21 ноември.

Торнквист вели дека продолжувањето на лиценците за работа на Лукоил е клучно за да се избегне колапс на снабдувањето.

– Без тие дозволи, капацитетот за рафинирање на Европа би можел сериозно да биде загрозен – предупреди тој.

Рафинериите на „Лукоил“ играат клучна улога во енергетскиот систем на регионот – фабриката во Бургас обезбедува повеќе од две третини од горивото за Бугарија, додека „Петротел“ во Романија покрива околу една третина од преработката таму.

Торнквист проценува дека секое запирање на работата би имало директно влијание врз енергетската стабилност на регионот.

Шведскиот милијардер, исто така, ги отфрли тврдењата дека Гунвор ги презема средствата на Лукоил само привремено, така што тие во иднина би се вратиле во руски раце.

– Ова е целосно прекинување на сопственичките врски со Лукоил. Нема никаков таен договор – нагласи Торнквист.

Поврзани содржини