СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ПОРАЗОТ ВО КАРПОШ По три дена молк, си ја олесни душата – еве на што се жали

Сега веќе поранешниот градоначалник вели дека не му честитал на новоизбраниот Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што тврди дека борбата не била витешка, туку кукавичка.

5,007

„ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“

Вака Стевчо Јакимовски, сега веќе поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, ги оцени локалните избори и победата на противкандидатот Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.






„На секои избори некој мора да победи, некој да загуби. Коректно е на победникот да му се честита и да се признае поразот. Ниту признав! Ниту му честитав на новиот! Зошто? Затоа што борбата не беше витешка, туку кукавичка“, се вели во соопштението на Јакимовски испратено до медиумите, по четиридневен молк после поразот.

„Се собравте цела влада, најголемите олигарси кои тежат над милијарда, со Фондот за здравство, лекари без достоинство, на платен список на олигархот. Купивте ромски гласови, купивте албански гласови во Нерези, ама таму плативте мноогу поскапо! Оти ромските души се поевтини, за вас секако. Ги вклучивте сите дилери на дрога кои цел месец ги хранеа консументите на белиот прашак. Ги плативте долговите во кладилниците на сите оние што лебот го вадат од кладење. Само и само да гласаат за сенката на Мицкоски“, се вели во соопштението полно со горчина.

Јакимовски се жали дека имало купување гласови, крадење ливчиња, бугарски воз, уцени и закани и други нерегуларности.

„Сите медиуми беа ваши. Без било каква моја реклама во вториот изборен круг. Цели избори ги поминав без ќор банер или било каква реклама на порталите. Блокада од телевизиите со национална фрекфенција, освен две соочувања и едно интервју кое требаше да биде дебата“, додава Јакимовски.

Тој тврди дека за неважечки биле прогласени сите ливчиња каде што јасно гласачот ја изразил својата волја дека гласа за него

„Слично вака, вие од ВМРО-ДПМНЕ во 1999 година на претседателските избори, со крадење, силување, тепање, со скршени вилици и черепи, му ја украдовте победата на Тито Петковски и го устоличивте за претседател вашиот Борис Трајковски“, се вели во соопштението на Јакимовски.

Поврзани содржини