ВЛАДАТА И НАРОДНА БАНКА СО РЕЧИСИ ИДЕНТИЧНИ ОЧЕКУВАЊА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ГОДИНАВА Мицкоски очекува таа да изнесува меѓу 3,5 и 4%
Народната банка вчера ги објави есенските проекции според кои се очекува инфлацијата оваа година да изнесува 3,9%, а растот на економијата да изнесува 3,5%.
Проекциите на Владата за инфлацијата во 2025 година се меѓу 3,5 и 4%, изјави премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Петровец.
Премиерот коментирајќи ги проекциите на Народната банка за поголема стапка на инфлација споредбено со претходните предвидувања рече дека било очекувано овој октомври инфлацијата да биде поголема во споредба со истиот месец лани.
– Очекуваме инфлацијата овој месец да биде нешто поголема бидејќи таа беше многу ниска минатиот октомври, поради мерките што тогаш ги презедовме. Значи базата е ниска, но во рамките на 4 односно 4,5%. Годишната за 2025 година очекувам да биде меѓу 3,5 и 4%, а следната година да биде меѓу 2 и 3%. На тој начин планираме да ги поставиме нашите проекции – рече Мицкоски.
Народната банка вчера ги објави есенските проекции според кои се очекува инфлацијата оваа година да изнесува 3,9%, а растот на економијата да изнесува 3,5%.
Во споредба со априлските проекции се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе биде 4,2% од БДП што е умерено проширување на дефицитот во однос на претходната година.