ВОЈВОТКАТА ОД САСЕКС Ѝ СЕ ВРАЌА НА ГЛУМАТА Осум години откако се откажа од Холивуд Меган Маркл повторно пред камерите

Меган Маркл го прави своето големо враќање на глумата осум години откако ја заврши својата холивудска кариера. Наводно, таа ѝ се придружува на актерската постава на филмот „Close Personal Friends“ во која ќе се игра самата себе

448

Меган Маркл наводно го прави своето големо враќање на глумата осум години откако ја заврши својата холивудска кариера.

Се вели дека војвотката од Сасекс ќе ѝ се придружи на екипата на филмот „Close Personal Friends“ (Блиски лични пријатели), во кој глумат Џек Квејд, Лили Колинс и Бри Ларсен, според „Сан“.






Во филмот Меган наводно ќе се игра себеси. Имено, дејствието на филмот следи два пара од кои едниот е познат, а другиот не. Таа е видена на снимањето во Пасадена, Луизијана, во продукцијата на Amazon MGM Studios.

– Ова е огромен момент за Меган и означува враќање кон она што навистина го сака – изјави извор од продукцијата на Amazon MGM Studios за медиумот, додавајќи дека мајката на две деца „била преплавена со понуди, но оваа ѝ се видела како вистинската.

– Сите вклучени се супер возбудени и се заколнале на тајност за нејзиното учество.

Што се однесува до нејзиниот сопруг, принцот Хари, изворот откри дека тој ја поддржува нејзината одлука за кариера.

Претставниците на Маркл не одговориле на барањето на Page six за коментар.

Во 2017 година, за време на нејзината историска свршувачка со принцот Хари, Маркл се осврна на својата одлука да се повлече од работата во Холивуд – која вклучуваше улоги во „Remember Me“ и „Horrible Bosses“, меѓу другoто – за да се фокусира на кралскиот живот.

Ова е ново поглавје, нели?“, рече таа тогаш за напуштањето на нејзината улога во серијата „Suits“.

– Го штиклирав ова поле и се чувствувам многу горда на работата што ја направив таму, а сега е време да соработувам со [Хари] како тим – рече таа.

Мрежата зад „Suits“ објави своја изјава во поддршка на одлуката на Маркл.

– Од сите нас во „Ју-Ес-Еј Нетворк“ и „Јуниверсал Кејбл Продакшнс“, сакаме да им упатиме на Меган Маркл и принцот Хари најискрени честитки за нивната свршувачка – пишуваше во соопштението од ноември 2017 година.

– Меган е член на нашето семејство седум години и беше задоволство да соработуваме со неа. Сакаме да ѝ се заблагодариме за нејзината неоспорна страст и посветеност на „Суитс“ и ѝ посакуваме се најдобро – напишаа тие.

Маркл (44), последен пат се појави во финалето на 7-мата сезона од правната драмска серија во април 2018 година – еден месец пред да се венча со Хари на раскошна церемонија во Велика Британија.

Во 2020 година, ѕвездата на емисијата „Со љубов, Меган“ и нејзиниот сопруг ги напуштија своите должности како активни членови на кралското семејство, а потоа се преселија во Јужна Калифорнија.

Оттогаш тие ги добија синот, принцот Арчи, 6, и принцезата Лилибет, 4, кои ги одгледуваат во нивната раскошна вила во Монтесито, Калифорнија.

Поврзани содржини