📽️ ВЛЕГОЛ СО САТАР ВО БЕРБЕРНИЦА ЧАСОВИ ПРЕД НАПАДОТ ВО ЛОНДОН? Снимка го поврзува осомничениот со уште едно бодење
Според Дејли Мејл, британските власти исто така истражуваат дали бодењето на 14-годишник во Петербороу во петокот, 31 октомври, минути откако е направена снимката е поврзано со нападот.
Човек за кој се смета дека е напаѓачот со нож кој повреди 11 лица во брз воз во Хантингдон во Лондон упаднал во берберница во Питерборо, 10 часа пред нападот, пишува Дејли Мејл објавувајќи снимка.
Според весникот, британските власти исто така истражуваат дали бодењето на 14-годишник во Петербороу во петокот, 31 октомври, минути откако е направена снимката е поврзано со нападот.
Берберот за Дејли Мејл изјавил дека истиот човек дошол во берберницата и во саботата наутро но дека брзо заминал.
Moment ‘knifeman who hurt 11 people in Huntingdon train rampage storms into Peterborough barber shop moments after stabbing 14-year-old boy’.
🔗 https://t.co/ZsJUHDinnu pic.twitter.com/V3zlWzeCBR
— Daily Mail (@DailyMail) November 3, 2025
Нападот во возот среде Лондон на 1 ноември ја вознемири британската јавност. Уапсениот е 31-годишен маж од Лидс, кој не пружал отпор при апсењето. Според очевидци, неколку патници се обиделе да го разоружаат човекот додека возот сè уште се движел, јави „Гардијан“.