УШТЕ УТРЕ СОНЦЕ, ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕСТАБИЛНО Во вторник ќе врне
В понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 23 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 21 степен.