🎥 ИЛЈАДНИЦИ НА УЛИЦИТЕ НА НОВИ САД ГИ ДОЧЕКУВААТ СТУДЕНТИТЕ КОИ ПРИСТИГААТ ПЕШ Огномет и овации пред големиот собир на годишнината од трагедијата

Илјадници луѓе во Нови Сад ги пречекуваат студентите кои пристигнуваат пеш од сите стрАани на Србија, пред утрешната годишнина од падот на настрешницата на железничката станица во кој зАагинаа 16 луѓе.

833

Илјадници луѓе се собрани вечерва во Нови Сад и ги пречекуваат студентите кои пристигнуваат пеш во тој град од сите страни на Србија, пред утрешната годишнина од падот на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 луѓе.

Во центарот на градот вечерва пристигнуваат колони од студенти, средношколци и граѓани, кои им се придружуваат на илјадниците кои ги пречекуваат.






За утре се очекува масовен собир на граѓани и студенти од целата држава кои ќе им оддатат почит на настраданите.

Во Нови Сад се присутни и десетици странски новинарски екипи кои известуваат за собирот и за студентското движење во Србија, што почна брзо по трагедијата на 1 ноември 2024 година. Антивладините протести и блокади траат веќе една година, се бара кривична и политичка одговорност за несреќата.

 

Први пристигнаа група студенти од Нови Пазар од југозападот на Србија, кои ја поминаа најдолгата рута, и беа пречекани со огномет, факели, аплауз и навивање на Мостот на слободата.

Колегите од Нови Сад им доделија благодарници „за секој чекор направен во борбата за слобода“. Тие го започнаа маршот од 400 километри пред 16 дена, симболично одејќи по еден ден за секоја жртва од несреќата.

Група од околу4.000 студенти пешачат од Белград од 30 октомври.

Голем број луѓе пешачат и од Чачак, Краљево, Горњи Милановац, Ужице, Суботица, Вршац, Богатиќ, Шабац, Ваљево, Крагуевац и од други градови.

Група студенти од Суботица на северот од Србија на патот кон Нови Сад во Кисач застанаа пред куќата на Теодора Мартинко, која беше тешко повредена при паѓањето на крошна, и ја поздравија со аплауз. Таа е единствената преживеана во несреќата.

Група од Ниш оди кон Нови Сад со велосипед.

Во градовите низ кои поминаа студентите во изминативе денови, граѓаните организираа дочеци за нив, како и ноќевања.

Најголемиот дочек беше во Белград, кога студентите од Нови Пазар беа пречекани од илјадници луѓе во центарот на градот со црвен тепих, факели и огномет.

Српскиот претседател Александар Вучиќ апелираше за мирно одбележување на годишнината од несреќата на 31 октомври и повторно повика на дијалог.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ рече дека „многумина направија грешки во текот на изминатата година, како и тој“.

– Во некои моменти, самиот кажав некои работи за кои жалам што ги кажав, за студенти, демонстранти и други луѓе. Се извинувам за тоа – рече Вучиќ, без да прецизира на кои изјави мислел.

Тој исто така изјави дека знае дека „некои луѓе сè уште се лути што виновниците сè уште не се идентификувани, а камоли казнети“ за падот на крошната.

– Искрено се надевам дека на тие прашања наскоро ќе биде одговорено –  рече Вучиќ.

Владата на Србија утрешниот ден, 1 ноември, го прогласи за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

„Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Поврзани содржини