ЧАРЛС ПРЕСЕЧЕ, ГО ИЗБРКА СОПСТВЕНИОТ БРАТ Принцот Ендру остана без титули и беше исфрлен од палатата по наредба на Кралот
Бакингемската палата потврди дека принцот Ендру мора да се исели од кралската резиденција, поради нови обвинувања што повторно ја потресуваат британската монархија.
Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања и му наложи иселување од резиденцијата, соопшти денеска Бакингемската палата.
Во соопштението се наведува дека на принцот формално му е врачено барање да го предаде закупот на вилата Ројал Лоџ и дека ќе биде преместен во друга приватна резиденција. Одлуката е донесена поради врските на Ендру со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.
Принцот Ендру, осми во редот за британскиот престол, последниве недели повторно е под притисок на јавноста по новите откритија од посмртните мемоари на една од жртвите на Епстин, Вирџинија Џуфре, во кои таа го обвинува за сексуален напад.
Ендру ги отфрли сите обвинувања, но на почетокот на месецот најави дека повеќе нема да ја користи титулата Војвода од Јорк ниту одликувањето Ред на витези.
 
			