ВЕДРО И ПОСТУДЕНО УТРО Сонцето се враќа во текот на денот

По променливото и дождливо утро, времето утре ќе се стабилизира, а кон средината на неделата следуваат постудени утра и сончеви денови со благ јужен ветер.

436

Времето утре низ целата држава ќе биде пременливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови. Според Управата за хидрометеоролошки работи, попладне се очекува стабилизирање и појава на сончеви периоди, проследено со умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени во Маврово до 7 степени во Охрид, додека дневните максимални ќе достигнат до 17 степени во Гевгелија, а најсвежо ќе биде во Берово – околу 10 степени.






Во Скопје утре ќе има променливо облачно време со можни локални врнежи од дожд, а ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 6 до 16 Целзиусови степени.

В среда, утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од -4 до 4 степени наутро и од 14 до 20 степени преку денот.

Во четврток се очекуваат постудени утра, но преку денот сончево и стабилно време со умерена облачност и слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а максималните од 13 до 20 степени.

Поврзани содржини