ПО СООБРАЌАЈКА, ДРАМА НА БИТ-ПАЗАР Прво го бодел со нож, па запукал со пиштол
Напаѓачот, според пријавата, извадил остар предмет и го повредил младиот човек, а потоа избегал од местото.
Во центарот на Скопје, кај Бит Пазар, вчера попладне обична сообраќајна несреќа се претворила во драма со истрели. Околу 17:35 часот, по расправија околу судир на возила, дошло до физичка пресметка меѓу 21-годишниот Б.Б. од Скопје и друго машко лице.
Напаѓачот, според пријавата, извадил остар предмет и го повредил младиот човек, а потоа избегал од местото. Неколку минути подоцна се вратил и испукал неколку куршуми – среќна околност е што никој не бил погоден.
Полицијата трага по осомничениот и работи на целосно расчистување на случајот.