ДРЖАВЕН СТАРЕЧКИ ДОМ ВО КОЧАНИ НАЈАВИ ГРОЗДАНОВ Проектите за овој град ќе бидат приоритетни

86

Реализирање инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, меѓу кои изградба на мостови, водоводна и канализациска мрежа, старечки дом со голем капацитет, како и зголемување на безбедноста во општината, регулирање на сообраќајот и подобрување на хигиената, најави Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер.

– Дел се веќе изготвени проекти. Станува збор за големи капитални инвестиции од кои дел се во фаза на реализација, дел се во фаза на изработка. Другото кое најмногу нѐ охрабрува, е што очекуваме огромна помош од Владата, како што ни е досега кажано и дека приоритет број 1 во сите овие години од мандатот ќе биде Кочани – вели Грозданов.






Тој зборуваше и за инфраструктура и за инфраструктурните решенија, меѓу кои се изградба на мостови, спојување на булевар со магистрален пат, активирање на браната за водоснабдување на Кочани, поставување канализациска и водоводна мрежа, асфалтирање на улици, со цел подобрување на условите за живот.

– Првично е завршување на еден источен булевар, спојување на јужен булевар со магистралниот пат кој се предвидува наредните 4 години, експресниот пат од Штип да се продолжи до Делчево. Планираме изградба на мостови кои се веќе во проектната програма, а се благодарение на унгарскиот кредит и се со поддршка од Владата. Планираме активирање на браната која ќе го снабдува Кочани со вода, обновување и зголемување на капацитетите, поставување канализација, водоводна мрежа на Пониква, асфалтирање секаде  каде што нема асфалтирани улици, подобрување на условите за лицата кои уште немаат канализација – истакна Грозданов.

Во завршна фаза е проект за изградба на државен старечки дом.

– Се чека само изведувач за старечкиот дом кој ќе биде со огромен капацитет и под државна капа. Ќе се потрудиме за безбедноста на населението, ќе се потрудиме да го регулираме сообраќајниот метеж, да го исчистиме градот – заклучи Грозданов.

Поврзани содржини