ТАБАКАНА ЌЕ ДОБИЕ ПАРКИНГ НАМЕСТО ЗГРАДА Димитриевски најави нов уреден јавен простор

122

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска најави нов уреден јавен простор во корист на граѓаните. На локацијата Табакана кај булеварот Октомвриска револуција нема да се дозволи изградба на нова зграда, туку таму ќе има нов бесплатен паркинг за локалното население, како и парк со детско катче.

– Иако во минатото некој предвидел во Деталниот урбанистички план за оваа локација да се гради зграда, јас како иден градоначалник на Куманово нема да го дозволам тоа. Сите овие времени објекти ќе бидат дислоцирани, ќе биде изграден нов паркинг простор којшто ќе биде бесплатен за сите кои што живеат во околината, како и детско катче и нови зелени површини – изјави Димитриевски.






Тој додаде дека е време да се стави крај на, како што рече, „урбано градежните групации“ кои сакаат да го урбанизираат секој слободен простор во Куманово.

– Мора да кажеме стоп на урбано градежните групации кои што сакаат да го урбанизираат секој простор во нашиот град со никнување на нови бетонски градби – рече Димитриевски.

Максим Димитриевски во својата видео порака побара од поддршка од граѓаните за вториот круг од изборите, што треба да се одржи на 2 ноември.

– Ве повикувам масовно да излезете и да ми дадете поддршка во вториот круг бидејќи Куманово заслужува да продолжи да расте, да се развива, а дојде времето да се средува и централното градско подрачје, конкретно булеварот Октомвриска револуција, негово пробивање, изградба на нов кружен тек и уште многу други содржини во централно градско подрачје – порача Димитриевски.

Поврзани содржини