НАИ ДОЖИВЕА ПОРАЗ И НА ЛОКАЛНО НИВО Заврши времето на ароганцијата, промената е неповратна, порача Сулејмани
Во секој дел каде што има Албанци се почувствува духот на победата, се почувствува силата на Вреди. Моќно влегуваме во вториот круг во Тетово, Дебар, Струга, Боговиње, Брвеница и во Долнени, каде што граѓаните јасно покажаа дека сакаат достоинство, развој и чесна политика, рече портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.
Денеска, 3 дена по 19 октомври, една работа е јасна како сонце: Албанците зборуваа со еден глас и ја избраа промената, рече портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.
– Тие испратија моќна порака, времето на лошото владеење, ароганцијата и на измамата заврши, и тоа не само на централно, туку и на локално ниво. Во секој дел каде што има Албанци се почувствува духот на победата, се почувствува силата на Вреди. Моќно влегуваме во вториот круг во Тетово, Дебар, Струга, Боговиње, Брвеница и во Долнени, каде што граѓаните јасно покажаа дека сакаат достоинство, развој и чесна политика – рече Сулејмани.
Пред оваа огромна граѓанска волја, НАИ доживеа пораз, додаде тој.
– Но, дури и по поразот, лидерите на оваа разочарана коалиција не извлекоа никаква поука.
Наместо да размислат и да се соочат со реалноста, тие продолжуваат да ги навредуваат граѓаните, да шират лаги и да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, исто како што правеа цели 20 години. А сега, за да ги спасат последните надежи што им останаа, тие се подготвени да одат и со ѓаволот, конкретно со Левица, докажувајќи дека за власт се подготвени да ги продадат сите принципи и идеали за кои некогаш зборуваа – рече Сулејмани.
Но, Албанците повеќе не се излажуваат, додаде тој.
– Тие знаат дека промената е неповратна. Тие знаат дека иднината е со Вреди, со луѓето на трудот, достоинството и на визијата. Затоа, во име на сите наши кандидати, структури и поддржувачи, им се заблагодаруваме од срце на сите граѓани што излегоа, гласаа и веруваа. Вие бевте силата на оваа промена, вие бевте гласот на иднината. Благодарение на вас, Вреди стана надежта што победи и што ќе победи убедливо и во вториот круг – рече портпаролот на Вреди.