Изборно цунами го збриша СДСМ, ама Филипче се консолидирал

Ако, ако... На крајот, ќе го цуне и Филипче. Стапот.

2,797

На локалните избори во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ освои 468 советнички мандати. Сега има 550 мандати. Тоа е зголемување за 82 места во советите.

СДСМ во 2021 година освои 396 советнички мандати. Сега има само 230. Тоа е пад за 166 мандати.






Вистинско цунами!

Катастрофалниот пораз на СДСМ ќе биде уште поголем, подраматичен, кога ќе се пребројат освоените градоначалнички мандати после вториот круг.

После првиот круг во битката за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ води со 11:1. Очекувам конечната победа да биде 10:1.

Тоа се релевантните бројки и факти за анализа. Сè друго се спинови, алиби тези и приказни за мали деца.

Ова сепак е потоп за СДСМ.

Важно е Венко Филипче да се спаси.

Да се консолидира.

Ако, ако… На крајот, ќе го цуне и Филипче.

Стапот.

Поврзани содржини