МИЦКОСКИ НА САМИТ ВО ЛОНДОН Премиерот ќе одржи економски работни средби

Премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествуваат на Самитот Западен Балкан-Берлински процес.

889

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе учествува на Самитот Западен Балкан-Берлински процес, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија, соопшти Владата.

„Премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес. На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се голем број билатерални средби на Претседателот на Владата. Владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, стои во соопштението“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини