🎥 ДЕЈВИД БЕКАМ ПИЕ ТЕКИЛА И ГОТВИ Поранешниот фудбалер се потсмева на кулинарските вештини на неговата сакана сопруга

Дејвид Бекам пие текила и се потсмева на кулинарските вештини на сопругата Викторија додека сам го подготвува семејниот неделен ручек за нивните родители - откако ќерката Харпер се пошегува дека Пош може да загори дури и вода

713

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (50) се пошегува на недостатокот на кулинарски вештини на сопругата Викторија во видеото во кое пие текила додека сам го подготвува семејниот неделен ручек за нивните родители и семејството.

Пош (51) го снима и го објави видетото на својот Инстаграм, потсемавјќи се и самата на своја сметка.






Додека Дејвид готви таа го прашува дали му е потребна помош, а тој ја прашува „од кого?“ Откако Спајс девојката ја нуди својата помош, тој возврати: „Апсолутно не, стој подалеку!“.

Смеејќи се, таа прашува: „Како мислиш – само стој подалеку? Подготвена сум да помогнам“, на што Дејвид се пошегува: „Драга, не правиме тост со шунка и сирење“.

Во второто видео, зафатениот Дејвид објаснува како прави јоркширски пудинг, пред неговата сопруга да објави дека нивните родители пристигнале.

Подоцна Дејвид откри дека всушност испил осумчашки текила додека ја подготвувал гозбата, пред неговата сопруга да сподели насмеана семејна фотографија околу масата.

Модната дизајнерка претходно призна дека никогаш не готви откако се обидела да ја совлада уметноста кога семејството живеело во Шпанија, откако Дејвид потпишал за Реал Мадрид во 2003 година.

Таа минатата година изјави за „Телеграф“: „Мојата ќерка (Харпер) вели дека можам да загорам дури и вода, па веројатно е подобро за сите што не готвам“.

Поврзани содржини