ДИМИТРИЕВСКИ ВО ВОДСТВО ВО КУМАНОВО Победа на советничката листа на ЗНАМ

Јас како кандидат водам убедливо во однос на сите останати 6 кандидати, или за споредба, колку имаат вкупно гласови останатите 6 кандидати толку јас како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ имам добиено гласови, рече вечерва во Куманово Максим Димитриевски.

850

Имавме избори според скандинавски модел, оцени вечерва лидерот на ЗНАМ и кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

– Според 80% обработени податоци во нашиот аналитички центар, јас како кандидат водам
убедливо во однос на сите останати 6 кандидати, или за споредба, колку имаат вкупно
гласови останатите 6 кандидати толку јас како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ имам добиено гласови. Дали ќе имаме втор круг или не, во овој момент не можам да ви кажам бидејќи сите податоци не се обработени. Но, и да има втор круг, ЗНАМ ќе биде
дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, бидејќи повеќе од јасна е
желбата на граѓаните, дека препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух – рече Димитриевски.






Листата на кандидати за советници на ЗНАМ во општина Куманово, според него, извојува победа и доби најголем број на гласови.

– Веднаш зад нас е и листата на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од јасно е дека мнозинството во Советот ќе го сочинуваат овие две листи и веројатно останатите поранешни партнери во локалната власт – рече Димитриевски.

Поврзани содржини