ВЕНЕЦУЕЛА ЌЕ СЕ ЖАЛИ ВО ООН НА ПРИТИСОКОТ ОД САД Трамп ѝ дал на ЦИА одврзани раце да делува против Мадуро

Венецуела вели дека подготвува жалба затоа што активностите на САД претставуваат кршење на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нацииа.

450

Венецуелската влада изрази голема загриженост во врска со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Весникот The New Tork Times објави дека САД се подготвени за спроведување тајни операции во Венецуела за што е овластена Централната разузнавачка агенција (CIA) чија цел е дестабвилизација на власта на претседателот Николас Мадуро. Самиот американски претседател набрзо ги потврди овие наводи.






– Дадов зелено светло за овие операции – рече Доналд Трамп, кој додаде дека сака да наводно спречи големи количества дрога од Венецуела да стигнат до САД, но и тврдеше дека јужноамериканската земја наводно ослободува голем број затвореници, вклучително и луѓе од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.

Венецуела објави дека ваквите изјави претставуваат кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвува жалба.

Венецуела, исто така, додаде дека сите американски акции се насочени кон соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел ограбување на нејзините големи ресурси со нафта, гас, бакар и ретки земни минерали.

 

Поврзани содржини