ИЗМАМА КАКО НА ФИЛМ Кумановец изгуби над милион денари по лажна продажба на градежни машини
Две лица го измамиле 35-годишникот преку мобилни апликации, ветувајќи му машини што никогаш не му биле испорачани
Маж од Куманово пријави измама во која загубил 1.110.000 денари. Според информациите од СВР Скопје, 35-годишниот пријавител бил контактиран преку мобилни апликации од две лица кои се претставувале како сопственици на градежни машини за кои тој бил заинтересиран.
По договор со измамниците, парите биле предадени на едно лице на каса прими на приватен субјект, додека потоа му било кажано дека сумата требало да се уплати на сметка на другиот измамник. Кога пријавителот се обидел да ги подигне машините, дознал дека истите машини повторно се огласени за продажба и сфатил дека бил измамен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.