📽️ ГОЛ ОД 30 МЕТРИ НИ ДОНЕСЕ РЕМИ, НО ГО ИЗГУБИВМЕ СПЕЧАЛЕНОТО Следна драма за Македонија е мечот во Кардиф

Уште повеќе, Македонија останува на второто место во групата со 13 бода, додека Белгија по победата против Велс на гости со 4:2 се искачи на врвот со 14 бода. Последната шанса за бараж е мечот со Велс во Кардиф, каде мораме да победиме за да продолжиме понатаму.

2,165

Македонскиот капитен Енис Барди ја запали арената „Тодор Проески“ со слободен удар од околу 30 метри, но тоа не беше доволно да ја скрши тврдата одбрана на Казахстан и да ѝ донесе победа на Македонија. Натпреварот заврши 1:1, со што нашата репрезентација остана во живот за бараж, но ги загуби шансите за првото место во групата.

Меѓутоа, работите почнаа лошо. Во првото полувреме немаше голови. Македонија имаше неколку поволни ситуации, особено околу 34. минута, но без завршница. Казахстанците, пак, сериозно се заканија уште во 18. минута. Во вториот дел, го искористија првиот момент на слабост на нашата одбрана.






Гостите од Казахстан успеаа да постигнат гол на самиот почеток од второто полувреме, откако по мешаница и недоразбирање во нашата одбрана, Динмукхамед Караман ја затресе мрежата на Столе Димитриевски.

Сепак, фудбалерите на селекторот Благоја Милевски не се предадоа. И покрај тоа што Казахстан се врати во цврста дефанзива, Македонија креирапе неколку шанси за гол. Барди, во 73. минута, одлично од изведен слободен удар погоди во мрежата и го изедначи резултатот. Тоа беше негов 20. погодок за репрезентацијата.

До крајот, шансите на Елмас, Трајковски и Серафимов останаа неискористени. Темпото беше во наша полза, но победничкиот гол не дојде.

Уште повеќе, Македонија останува на второто место во групата со 13 бода, додека Белгија по победата против Велс на гости со 4:2 се искачи на врвот со 14 бода. Последната шанса за бараж е мечот со Велс во Кардиф, каде мораме да победиме за да продолжиме понатаму.

Македонија практично ја чека „финале“ против Велс, а навивачите веќе се подготвуваат за нова драма во квалфикациите за СП2026.

 

Поврзани содржини