УТРЕ И ВО СРЕДА ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Доаѓаат претседателот на Словачка и Урсула фон дер Лајен

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

124

Утре и во среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјални посети на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти МВР.

На 14 и на 15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Словачка, Пелегрини.






На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

 

Поврзани содржини