СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА БИЛ НА ОДМОР ОД ЗАТВОР Полицијта го најде заканувачот и го врати зад решетки
Полиција го уапси 43-годишниот Б.Н. од селото Чегране, кој испраќал пораки со заканувачка содржина до 41-годишниот А.А. од гостиварското сел
Полициските службеници од Полициското одделение во Чегране го уапсиле 43-годишниот Б.Н. од селото Чегране, кој испраќал пораки со заканувачка содржина до 41-годишниот А.А. од гостиварското село Градец. Инцидентот се случил во средата вечерта околу 21:30 часот, кога полицијата интервенирала по добиена пријава.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека осомничениот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Дополнителните проверки покажале дека тој во моментот бил на слободни денови од Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што издржувал затворска казна.
„По преземени мерки и целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.