СУД ЗАБРАНИ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ДА СЕ РАСПОРЕДИ ВО ЧИКАГО По наредба на Трамп, 500 војници веќе се во регионот

Администрацијата на Трамп ги распореди војниците со цел да го заштитат федералниот имот и службениците во Чикаго, вклучувајќи ги и агентите на Службата за имиграција и царинска контрола, од насилни демонстранти.

121

Американска судијка издаде привремена забрана со која се блокира распоредувањето на војници од Националната гарда во државата Илиноис, која го вклучува и градот Чикаго.

Наредбата на окружната судијка Ејприл Пери ќе остане во сила 2 недели, а на 22 октомври ќе се одржи рочиште за да се утврди дали треба да биде продолжена.






Според американската војска, околу 500 припадници на Националната гарда веќе се стационирани во регионот. Неколку американски медиуми јавија дека војниците распоредени во поширокото подрачје на Чикаго вчера веќе биле активни, пренесе ДПА.

Администрацијата на Трамп ги распореди војниците со цел да го заштитат федералниот имот и службениците во Чикаго, вклучувајќи ги и агентите на Службата за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ), од насилни демонстранти.

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон во објава на мрежата Икс, ја нарече одлуката „победа за народот на Чикаго и за владеењето на правото“.

„Судијката Пери ги повтори многу од точките што ние постојано ги нагласувавме: распоредувањето на Трамп е нелегално, неуставно, опасно и непотребно. Во Чикаго нема бунт. Има само добри луѓе кои застануваат во одбрана на она што е правилно“, напиша тој.

Националната гарда е резервна воена сила и е дел од вооружените сили на САД. Таа обично се распоредува во земјата само за време на природни катастрофи, граѓански немири и други итни состојби.

Поврзани содржини