📷 „ТОМАХАВКИТЕ“ БИ БИЛЕ ЗАКАНА ЗА 2.000 ЦЕЛИ ДЛАБОКО ВО РУСИЈА Што ако Киев ги добие ракетите од САД?

Институтот ИСВ прецизира дека ако Киев добие верзија на ракетите „Томахавк“ со дострел од околу 2.500 км, во опасност би биле најмалку 1.945 цели на руска територија. Станува збор за 76 воздухопловни бази, 49 ракетни полигони, 26 комуникациски центри, 19 радиолокациски станици и уште 113 клучни логистички и енергетски објекти.

1,081

Речиси 2.000 рафинерии во Русија ќе бидат мета, ако Украина ги добие ракетите „Томахавк“ со долг дострел од САД, анализира познатиот Институт за проучување на војната во САД (ИСВ). На мапата која ја објави Институтот, означени се сите руски воени и безбедносни објекти што би можеле да влезат во дострелот на овие ракети.

ИСВ прецизира дека ако Киев добие верзија на „Томахавк“ со дострел од околу 2.500 км, во опасност би биле најмалку 1.945 цели на руска територија. Станува збор за 76 воздухопловни бази, 49 ракетни полигони, 26 комуникациски центри, 19 радиолокациски станици и уште 113 клучни логистички и енергетски објекти.






Ако, пак, биде испратена пократката варијанта со дострел од 1.600 км, во опасност влегуваат околу 1.655 објекти, меѓу кои 67 аеродроми и повеќе од 100 други цели.

 

Посебно внимание е посветено на базата „Енгелс-2“, која се користи за стратешки бомбардери. На мапата се прикажани и другите аеродроми во западна и централна Русија, како и анектираните територии во Украина.

Според ИСВ, постои јасна разлика во покриеноста со дострел од 300 км (колку што има системот АТАКМС) и покриеноста со „Томахавк“. Втората варијанта значително ја проширува можноста Украина да удри длабоко зад фронтот.

Во Вашингтон во моментов се води расправа дали да се испратат овие ракети. Доналд Трамп, според изворот, изјавил дека веќе донел делумна одлука, но дека сè уште размислува за можните последици од таков чекор, пред сè во контекст на широка ескалација.

– Претпоставувам дека морам да им го поставам тоа прашање на Украинците – изјави Трамп од Овалната соба, велејќи дека треба да биде познато каде ќе цели Киев ако ги добие ракетите.

Поврзани содржини