БЕЛГРАЃАНИ ТРГНАА НА ХАМБУРГЕР СО ПРВИОТ БРЗ ВОЗ ЗА СУБОТИЦА Стартува патничкиот превоз на брзата пруга Белград – Суботица

Возот на линијата стигнува за 68 минути. Повратниот билет Белград -Суботица чини 2.000 српски динари, но до 12 октомбри превозот е бесплатен.

545

Патничките возови почнаа редовно да сообраќаат на брзата железница помеѓу Белград и Суботица денеска напладне, а во промотивниот период што ќе трае до 12 октомври, на патниците им се обезбедуваат бесплатни билети за воз.

– Денес официјално беше пуштена во употреба брзата железница од Белград до Суботица. Во нашиот воз има 245 патници, тоа е полн капацитет на овој воз. Што се однесува до возниот ред, секој ден од 6.00 до 22.00 часот, на секои два часа, брзи возови тргнуваат од Белград и Суботица во исто време – изјави генералниот директор на „Србијавоз“, Љубиша Пејичиќ.






Голем број граѓани во редици чекаа да земат билет и да се качат во првиот воз.

– Чекав да започне брзиот воз за Суботица и со нетрпение го очекував! Затоа денес веднаш дојдов да чекам во ред, што е навистина долг, но нема врска, ќе стигнам денес, се надевам. Ако не можам да стигнам денес, ќе платам, па ќе одам подоцна, редовно, но би сакала да бидам меѓу првите. Сакам да се возам со возови. Патувам низ целиот свет, па зошто да не и во Србија? Едвај чекам да тргне возот за Будимпешта. Едвај чекам кафе во Будимпешта! – возбудено вели жена која беше во редот.

Други анкетирани граѓани велат дека граѓаните  одат за Суботица по хамбургер и се враќаат.

-Што да кажам добро е. Одат луѓето до Суботица на хамбургер и се враќаат – рече тој.

Возот на линијата стигнува за 68 минути. Повратниот билет Белград -Суботица чини 2.000 српски динари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека до 12 октомври, граѓаните ќе можат бесплатно да патуваат на новоотворената делница од брзата железница Нови Сад – Суботица.

 

Поврзани содржини