НАСЕЛБА СО ПОВОЛНОСТИ ЗА МЛАДИ ПАРОВИ ВО ДЕЛЧЕВО Нова улица за подобар сообраќај во градот
Кај поранешното стрелиште нови брачни парови ќе може да добијат плацови по субвенционирани услови, за да изградат свој сопствен дом, вели Иван Гоцевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Делчево.
На просторот на поранешното стрелиште ќе создадеме нова урбана населба за домување, вели Иван Гоцевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Делчево.
– Нови брачни парови ќе може да добијат плацови по субвенционирани услови, за да изградат свој сопствен дом. Новата улица помеѓу улиците Маршал Тито и Осми септември, како и новиот мост на река Брегалница, значително ќе ја подобрат проточноста на сообраќајот во овој дел од Делчево – вели Гоцевски во видеообраќање.
Нудиме одржлив развој врз основа на точно утврдени цели – точно тоа му е потребно на Делчево, додава Гоцевски.