ГРЕТА ТУНБЕРГ Е ЛУДА, Ѝ ТРЕБА ЛЕКАР, ВЕЛИ ТРАМП Имаш проблеми со гневот, му одговори активистката

Со задоволство би ги примила сите ваши препораки за тоа како да се справам со таканаречените 'проблеми со управување со гневот', бидејќи – судејќи според вашето импресивно досие – и вие изгледа страдате од истите, му одговори активистката на шефот на САД кој во изјава од Овалната соба ја нарече луда.

743

Грета Тунберг е луда, треба да оди на лекар, коментираше американскиот претседател Доналд Трамп за 22-годишната шведска активистка, по нејзината депортација од Израел.

Тој додаде:






– Таа е само проблем. Таа повеќе не се грижи за животната средина, а сега го прави ова? Таа е проблемот и има проблем со гневот. Ако некогаш сте ја гледале, таа е како… Млада личност и е толку лута, толку е луда.

Грета возврати на нејзиниот профил пишувајќи:

„Слушнав дека Доналд Трамп повторно изразил многу ласкави мислења за мојот карактер и му благодарам за неговата загриженост за моето ментално здравје. До Трамп: Со задоволство би ги примила сите ваши препораки за тоа како да се справам со таканаречените ‘проблеми со управување со гневот’, бидејќи – судејќи според вашето импресивно досие – и вие изгледа страдате од истите“.

Стара кавга, нова искра

Ова не е прв судир меѓу двајцата. Во 2019 година, Трамп саркастично ја пофали Тунберг по нејзиниот говор на климатскиот самит во Обединетите Нации.

„Таа изгледа како многу среќна млада девојка која очекува светла и прекрасна иднина. Многу е убава за гледање“, напиша тогаш на Твитер.

За возврат, Тунберг го смени својот профил со описот: „многу среќна млада девојка која ја очекува светла иднина“.

Што се случи со флотата со која пловеше Грета?

Шведската активистка беше дел од меѓународна поморска флота која се обиде да достави хуманитарна помош за опколената Газа. Израелската морнарица ја пресретна групата среде море и ја влечеше кон пристаништето кај Ашдод. Според израелскиот портал „Хаарец“, операцијата била изведена без отпор и за 48 часа бил депортиран 341 активист, вклучително и Тунберг.

Тунберг, по депортацијата, слетала во Атина каде ја дочекала толпа поддржувачи.

 

Поврзани содржини