НА МЕРЦ НЕ МУ Е ПО МЕРКА ЕВРОВИЗИЈА БЕЗ ИЗРАЕЛ Спротивно на други земји, Германија ќе бојкотира ако не настапи Израел

Евровизија 2026 година, уште не почнала, а веќе е обвиткана во идеолошки војни. Меѓу земјите кои најавија дека ќе го бојкотираат Израел се Ирска, Исланд, Словенија и Шпанија. Но, германскиот канцелар смета дека местото на Израел е на фестивалот и најави дека е можен бојкот доколку Израел не биде на листата натпреварувачи во Виена.

262

Изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со Евровизија се чини дека уште повеќе го стави под знак прашалник учеството на Израел на ова фестивалско натпреварување.

– Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за тоа. Израел припаѓа таму – изјави канцеларот на прашањето во интервју за АРД дали Германија треба доброволно да се повлече од настанот.






Додека повеќе европски држави најавија дека може ќе го бојкотираат учеството на Израел поради случувањата во Газа, Германија се заканува со повлекување од натпреварувањето во Виена ако Израел биде исклучен.

Евровизија 2026 година, уште не почнала, а веќе е обвиткана во идеолошки војни. Меѓу земјите кои најавија дека ќе го бојкотираат Израел се Ирска, Исланд, Словенија и Шпанија.

Европската радиодифузна унија (EBU) најави дека во ноември ќе се одржи гласање за можното исклучување на Израел преку онлајн состанок на земјите членки. До тогаш, јасно е само едно: Евровизија не пее во еден глас.

Неколку европски земји го кренаа гласот пред сцената да биде монтирана. Ирска, Исланд, Словенија, Шпанија и Холандија веќе најавиле дека ќе ја бојкотираат Евровизија 2026 доколку Израел биде дел од натпреварот.

Според нивните јавни радиодифузери, војната во Газа и цивилните жртви се недозволив товар што не смее да биде игнориран од континентален фестивал што проповеда единство и човекови вредности. Овие земји го гледаат евентуалното учество на Тел Авив како легитимација на насилството, па затоа одлучиле да го бојкотираат, додека одлуката за исклучување сè уште е на масата во Европската радиодифузна унија (ЕРУ).

Шпанија е првата од „големите пет“ што го објавила ставот за бојкот, со поддршка од својот јавен сервис RTVE. Словенечкиот RTVSLO директно го повикал EBU да го разгледа учеството на Израел. Иако уште не е постигнат целосен европски консензус, овие држави ја дефинираат културната линија на отпор.

Во некои други земји, како Финска и Норвешка, уметниците и јавноста извршиле силен притисок врз нивните радиодифузери, но институциите засега не донеле јасна одлука.

Поврзани содржини