ДОМ ЗА СТАРИ ВО ПРОЕВЦЕ, СУБВЕНЦИИ ЗА „КУМАНОВСКА БАЊА“ Шах, фитнес, помош, екскурзии за пензионерите ветува ЗНАМ
Наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит рече денеска кандидатката од ЗНАМ за советник во Куманово, Гордица Бошковска.
Куманово е општина која е пријател на пензионерите, затоа што, пензионерите се нашата мудрост, нашата совест и нашата историја, рече денеска кандидатката од ЗНАМ за советник Гордица Бошковска.
– Наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит. Во нашата програма имаме запишано повеќе проекти и активности со кои ќе покажеме должна почит кон највозрасните наши сограѓани – рече Бошковска.
Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во нивната програма:
– Нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во с. Проевце за зголемување на капацитетите и обезбедување поквалитетна грижа за повозрасните граѓани.
– Континуирана модернизација, проширување и подобрување на капацитетите во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, со цел создавање подобри услови.
– Програми за поттикнување активен живот и поголема социјална интеграција на пензионерите.
– Субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост.
– Поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална поддршка.
– Еднократна финансиска поддршка за пензионерите од социјално загрозените категории.
– Поддршка на пензионерските клубови за рекреација: шах, фитнес за возрасни, прошетки и групни активности.
– Субвенционирање на наменски пензионерски групни екскурзии во земјата.
– Поддршка за домување за ранливите категории пензионери.
– Вклучување на пензионерите во советодавните тела на Општината.
– Менторски програми во кои пензионерите со професионално искуство ќе работат со младите.
– Организација на меѓугенерациски културни и образовни проекти.
– Организација на културни и спортски настани посветени на пензионерите.
– Поддршка на едукативни работилници за здравствена заштита, лична безбедност, како и финансиска и дигитална писменост за пензионери.
– Поддршка на здруженијата на пензионерите и организирање заеднички настани и забавни активности за пензионерите.
– Ваучер за користење на Кумановска бања за пензионери кои имаат здравствени потреби.
Според Бошковска, ваквите проекти покажуваат дека ЗНАМ во континуитет води сметка за повозрасните жители на Куманово.
– Вистинската сила на едно општество не се мери само со современите згради и новите патишта, туку и со почитта што им ја даваме на оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа Куманово го правиме општина што е вистински пријател на пензионерите, општина што слуша, разбира и подава рака. Ние сме општина во која постарите не се заборавени, туку се ценети и вклучени – рече таа.